Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW Z10 ќе се спротивстави на Audi R8
16.03.2009
bmw-z-10-1.jpgВеќе најавивме дека BMW е во фаза на подготовка на нов супер спортски автомобил наречен Z10 ED кој кога ќе пристигне на пазарот на нишан ќе го држи конкурентот од Инголштад, R8.

Најновите информации велат дека спортистот ќе ја носи само ознаката Z10 без наставката ED во името која стои за системот на BMW, Efficient Dynamics. Иако излeгува од името системот сепак, ќе работи во Z10.

Купето на BMW за разлика од конкурентот R8 ќе има мотор поставен напред надолжно и погон на задните тркала, како од најдобрата традиција на BMW.

Интересно е што веќе е формирана и цената. BMW Z10 ќе стартува од 86.000 евра.

Z10 во себе покрај системот Efficient Dynamics со старт/стоп функција ќе биде опремен и со heat collector или топлински колектор чива задача е да ја претвора топлинската енергија на издувот во електрична енергија.

BMW Z10 ќе има изразено аеродинамична форма која не само што ќе обзебеди низок коефициент на отпор на воздух туку допринесува и за моќен визуелен настап.

Според новиот шеф на дизајн во BMW, Адријан ван Хујдонк целта на марката со Z10 не е само да претстави автомобил со исклучителни динамички карактеристики.

Тој треба да биде пример за еколошки автомобил, но со него BMW ги најавува и насоките на развој на своите автомобили во иднина. Едноставно Z10 ќе биде основата на сите идни модели на BMW.

Ова се единствените и ограничени информации што се однесуваат на Z10. Значи освен за најава на дизајнот и на технологиите што е се сокриваат под ламарината за него не се знае безмалку ништо.

Во моментов во Минхен напорно се работи на развојот на Z10.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook