|
05.12.2008 |
Новата генерација на родстерот на BMW, Z4 е фатена
без камуфлажа од еден случаен фотограф кој присуствуал на снимањето на
филмот Solitary Man кој ќе се прикажува во 2009.
BMW Z4 очигледно ќе биде статист во филмот во кој
се појавуваат имиња како Дени Девито, Сузан Сарандон, Мајкл Даглас. Фотографијата
е направена во еден салон на BMW каде сигурно ќе се одвива и некоја сцена од филмот.
После многубројните фотографии на камуфлираниот родстер што се појавуваат на интернет, оваа е прва која го открива автомобилот во
целост.
Се чини дека новиот модел е подолг и поширок од
актуелниот со потесни и поразвлечени бубрези, а линијата на хаубата потсетува
на грб на ајкула. Иако кровот на Z4 е затворен неможе да се забележи дали станува збор за
мек или како што беше најавувано тврд кров.
Но, малото бранување над рамката на предното стакло како
да укажува дека конструкторите во BMW на крај се
одлучиле за мек кров.
За жал фотографот не успеал да ја чкрапне и кабината која
веруваме дека до појавувањето на Z4 во 2009 ќе биде
тајна.
Сепак, би се израдувале кога дотичниот фотограф успее
повторно да се протне зад кулисите и да не израдува со приказ на внатрешноста.

|