Се чини дека вревата околу Bugatti како
никогаш да не стивнува и покрај тоа што наоколу фрчат најави дека фирмата
работи со загуба и дека нејзиниот крај е многу блиску. Но, дали тоа е баш така?
Не, бидејќи на повидок е нов модел кој според најавите
треба да го надмине Veyron во секој поглед. Значи дизајн, перформанси и секако цена.
Значи нема да биде надмината само цената од 1 милион евра по автомобил туку и
максимланата моќност која ќе изнесува 1.175 коњски сили и максималната брзина
на Veyron од преку 400 km/h.
Доказ за сето ова се првите цртежи на автомобилот кој
носи повеќе сличност со еден тркач од Леман од класата GT1 отколку на
некаков грандтуризмо во стил на Veyron. Очигледно е дека
новиот модел е создаден за на патека, но сепак се очекува да вози и на пат,
впрочем ова не е ништо ново, барем досега сме сретнале еден купа вакви
примероци.
Интересно е што во Bugatti најавуваат
дека новајлијава ќе го симне времето на Нирбургринг на 6 минути и 40 секунди,
бројка што е и повеќе од импресивна. Но, прво треба да биде направен.
Според изворот проектот сеуште е на разгледување и се
очекува да добие зелено светло од бордот на директори. Новиот Bugatti ќе се
развива под кодно име „Project Lydia” името на сопругата не Еторе Бугати.
Автомобилот според планивите трбало да се појави пред
светската јавност во 2009 но шефот на групата VW, Мартин
Винтеркорн привремено го стопирал проектот.
Инаку доколку проектот Lydia се симне
од производните ленти ќе носи цена од околу 2,5 милиони европски банкноти.

|