|
28.03.2008 |
И покрај тоа што наоколу фрчат шпијунски фотографии од
новиот Chevrolet Camaro кој на големо се
тестира во САД, сепак до сега ниту еднаш не се прикажани олку детали.
Иако според датумот што стои на фотографиите и близината
од кој истите се направени личи дека инженерите на Chevrolet сами ги
направиле, а сега одделот за маркетинг намерно ги пушта за да предизвика љубопитност
кај јавноста.
До светската премиера на Сamaro, закажана
за во 2009 ќе пројде уште многу време дизајнот на автомобилот е многу сличен на
концептот претставен во 2006.
Сепак, со оглед на фактот дека „уловените” примероци во
црна и бела боја се возат без никаква камуфлажа не е исклучена веројатноста
оригиналниот модел драстично да се разликува од она што сега се прикажува.
Според најавите од General Motors новиот Camaro ќе се нуди
во три мотори. Стартот е резервиран за четири цилиндричен турбо бензинец,
најверојатно се работи за 2.0 литарскиот Ecotec турбо на Opel.
Понатаму следи верзијата со 3.6 литарски V6 и на
крајот високоперформансниот модел SS со моќен V8 во носот.
Што се однесува до цената сеуште нема најави, но
потпретседателот на GM, Боб Лац во една пригода најави дека Camaro ценовно ќе
биде позициониран над Mustang пред се поради „многу пософистицираната суспензија”.
|