Get Adobe Flash player
Chrysler подготвува нов кросовер
16.05.2007
chrysler1_copyПогоните во Токалука во Мексико се подготвуваат за нов кросовер, со интерен развоен код JZ49. Се подготвува и посебна верзија приспособена за европскиот пазар.


Двете верзии на JZ49, едната под знак на марката Dodge, другата на Chrysler, ја користат платформата од Chrysler Sebring. Возилата ќе се појават на пазарот на крајот на оваа или на почетокот на 2008 година. Автомобилот што ќе го носи логото на Chrysler ќе има повпечатлив дизајн и ќе го замени PT Cruiser.

chrysler4_copyСо димензиите новиот кросовер ќе биде близок до Hyundai Santa Fe, Toyota RAV4 и Honda CR-V, а од американските конкуренти ќе го има како најсилен Ford Edge. Покрај стандардната изведба со погон на сите тркала ќе се нуди и верзија само со преден погон.

 

 

Поврзани статии

 

 

Facebook