Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Чуваај! Fiat 500 Abarth е на пат
29.05.2007
abarth1Доколу новиот Fiat 500 е еден од најинтригантните автомобили во 2007 година, ова мора да е главната атракција за следната година. Верзијата Abarth на овој ретро супермини.

Инженерите на Fiat веќе го тестираат прототипот. Каде на друго место ако не на Нирбургринг. Малиот спортитст кој се перчи со ознаката Abarth треба да се појави кон крајот на годината или почетокот на 2008.

Автомобилот открива неколку тајни колку да го разбуди апетитот на оние ентузијасти кои обожуваат жешки минија.

Отворот за воздух на предната маска е значително поголем отколку кај стандардната верзија. Причината е зголемената потреба за воздух на 1.4 литарскиот турбо задолжен да го задвижува овој Abarth.

Тркалата се поголеми и носат пониски гуми. Поради нив малечково личи на ролшуји со предимензионирани тркала во секој агол. Тие се само дел од серијата подобрувања што прават јуниорскиот GTI да лежи како што му доликува на еден Abarth.

Одзади се наговестува спојлер кој ја продолжува линијата на покривот, но е сокриен под црна лента, а детаљите како рачките за врати се дехромирани и ја носат бојата на каросеријата.

Дали функционира? За наше око да. Abarth личи луто, со зацртана цел и над се е забавен. Токму како што еден спортски 500 треба да биде.

Нијансата на црвената боја открива дека Fiat планира огромна палета на бои и за надвор и за внатре, со цел да ја надмине понудата на Mini. Затоа очекувајте изобилие од опции додека го дотерувате 500 по свој вкус. 

Fiat го користи интернетот на големо лансирајќи тематски микространи и наведувајќи ги фановите да избираат луди опции и детаљи, затоа очекувајте луди играчки со кои можете да го наполните малечково.

Перформансите сеуште се држат во тајност, но со околу 150 КС, вртежен момент од 230 Nm и спринт до 100 за околу 8 секунди малиот турбо ќе одушевува.

Доказ дека италијанците, кои одамна немале ваков потенцијален хит во свои раце, ништо не препуштаат на случај.

abarth2abarth3abarth4

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook