|
06.02.2008 |
Фамилијарните превозници имаат приоритет во PSA. По
најавата за Peugeot 308 комби што е логичен чекор со оглед на успехот на претходникот, сега Citroen развива
мало комби од C3.
Новата верзија на Citroen C3 ќе го носи
името C3 StreetLounge и ќе стои рамо до рамо со останатите претставници од
класата Opel Meriva, Renault Modus, Nissan Note, Skoda
Roomster.
C3 StreeLounge е поставен на платформата на Peugeot
207 и ќе ги носи истите мотори, менувачи како и малиот француски лав.
Поголемиот волумен на кабината ќе овозможува удобен претстој на пет патници.
Воедно StreetLounge ќе биде нееројатно варијабилен
автомобил со можност за местење на задните седишта по должина, преклопување и
комплетно отстранување.
Малечкото на Citroen е фатено за време
на тестирање некаде во Скандинавија, неговата премиера ќе биде во септември на
салонот во Париз, а на пазарот се очекува на крајот на годината или почетокот
на 2009.

|