|
02.04.2008 |
Нема сомнежи дека Dacia оди напред.
Во фаза на испитување е новиот SUV за кого се
знае дека платформата со погон на четири тркала е ја подели и со остантите
модели од групата.
Тестното муле всушност е еден Logan на кого е
монтирано подвозје со погон на четири тркала што се препознава по високо
кренетата каросерија. Тоа што автомобилот изгледа чудно е неопходно за да се
сокрие вистинскиот облик на од ловците на нови автомобили.
Се очекува под хаубата да работат познатите агрегати што
веќе ги користи целата гама на Logan, но бидејќи станува збор за SUV предност
се дава на 1.5 литарскиот турбодизел со 85 коњски сили.
Информацијата дека Dacia веќе
работи на својот прв SUV ја потврди претседателот на компанијата Франсоа Фурмон,
а возилото ќе пристигне на пазарот кон крајот на 2009 или почетокот на 2010.
По најавата дека се подготвува наследник на Lada
Niva кој ќе биде поставен на основата на Logan SUV овие
информации доаѓаат како потврда.
Иако е сеуште рано, сепак се калкулира и со цената на
првиот теренец на Dacia кој ќе стартува од околу 11.000 евра.
|