Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Dacia плива во нови води
09.06.2008
dacia-suv-1.jpgПлановите на Renault за Dacia се големи, а поттиканти се од досегашните успеси што романската марка ги постигнува на пазарите ширум светот.

Охрабрени од приемот на Dacia на глобалниот пазар во Rеnаult планираат зголемување на производството на преку 1.000.000 автомобили годишно со беџот на Dacia, а за остварување на овој храбар план треба да помогнат новите модели.

Веќе е сигурно дека на пазарот ќе се појави Logan/Sandero SUV кој ценовно ќе биде над досегашните модели, но ќе биде значително поевтин од неговите конкуренти во класата на т.н. меки теренци.

Новиот SUV ќе го земе на заем погонот на четири тркала развиен од Nissan за X-Trail, но станува збор за погонот од претходната генерација на овој модел поради што и се очекува ниска цена.

Името сеуште не е потврдено, но тоа во случајов и не е толку важно. Значајна информација е појавувањето на пазарот што ќе се случи во 2010 и новите каросериски варијанти поставени на истата основа како пикап и товарен ван.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook