Dacia сериозно се
подготвува за настап на претстојниот салон во Женева. Извори блиски на
производителот, наведуваат дека Dacia ќе
претстави концепт на своето прво спортско купе.
Информацијата сеуште не е официјално потврдена од Dacia, сепак, на
интернет се појавија неколку компјутерски генерирани фотографии од детали од
новото купе.
Дали станува збор за индустриска шпијунажа, или пак,
чиста шпекулација сеуште неможе со точност да се утврди. Но, ако се земе
предвид брзиот раст на марката не треба да изненадуваат и вакви амбициозни
проекти. Спортист од Dacia.
Dacia во
моментов произведува евтини и практични автомобили. Трите верзии на Logan,
седан, комбито MCV и пикап, и хечбекот Sandero. Минатата година
протече информација и за развојот на компактен кросовер поставен на платформата
на Logan.
Дури ловците на автомобили успеаја да го уловат ова прво
возило на Dacia со погон на четири тркала кое треба да се симнува од производните ленти.
Потврда дека овој проект е извесен дојде подоцна од финансискиот директор на Renault, Тиери Мулонже. Според него кросоверот треба да се
појави на пазарот кон крајот на годинава, или евентуално, на почетокот на 2010.
Цената би требало да стартува од околу 11.000 евра.
Купето сигурно ќе носи малку повисока цена, но и таа би била во рамките на
пристојното.
|