Get Adobe Flash player
Дали вака ќе личи Peugeot 408?
17.06.2009
peugeot-408-2010-1.jpgПретставени се најновите компјутерски генерирани прикази на автомобилот што во иднина би можел да биде на наследникот на Peugeot 407, моделот 408, кој би требало да се појави до крајот на следната година.

Приказите на евентуалниот изглед на Peugeot 408 ги обајвува францускиот магазин за автомобили LAuto Journal и тврди дека тие се направени со помош на внатрешен човек на Peugeot кој работи во одделот за дизајн и кој учествува во развој на проектот.

Без оглед на тврдењето на французите само времето ќе покаже колку станува збор за внатрешен човек, колку прикажаните слики се веродостојни и колку сериската верзија на Peugeot 408 ќе личи со овој автомобил.

Она што е сигурно Peugeot 408 ќе биде поставен на платформата на актуелниот Citroen C5 и ќе ги носи истите мотори и менувачи.

 

 

 

 

Facebook