Get Adobe Flash player
Директен напад врз RS4
27.06.2007
alfa159gta1Со агресивен нос и подеднакво агресивни перформанси ова е најлутиот седан на Alfa Romeo досега. Станува збор за 159 GTA со 400 КС, погон на четири тркала и директeн атак врз Audi RS4.

Фатен при тестирање на Нирбургринг, 159 GTA е во завршна фаза на развој бидејќи премиерата се очекува на есен на салонот во Франкфурт.

Alfa во моментов размислува за два мотори со слични перформанси за својот супер седан: или битурбо варијанта од сегашниот 3.2 литарски V6 кој веќе работи во 159, или пак, модификуванот 4.3 литарски атмосферски V8 кој работи во Maserati GranTurismo Coupé.

Во Alfa го преферираат V8 бидејќи произведува помал вртежен момент отколку V6 битурбо што дозволува користење на веќе постоечките менувачи. Ова значи дека GTA ќе може да се добие со шест степен мануелен или автоматски менувач и Selespeed.

Без оглед на моторот треба да се очекува забрзување до стотка за 5 секунди и максимална брзина од 250 km/h. Ќе има и многу тракција благодарение на погонот на четири тркала на Alfa, Q4. 159 GTA ќе се разликува и по поголемите отвори за воздух напред – на фотографиите сокриени со црна пластика и проширени отвори за тркалата.

Покрај седан 159 GTA ќе настаппува и со верзијата Sportwagon. И двата модела се очекува да ја надминат цената од 40.000 евра и ќе се појават на пазарот во 2008.

Доколку неможете да чекате дотогаш на располагање ви стои 159 TI.

alfa159gta2

 

Поврзани статии

 

 

Facebook