Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Дополнителни информации за наследникот на Beetle
22.12.2008
volkswagen-beetle-1.jpgОткако беа објавени неколку компјутерски генерирани фотографии на новиот Beetle предложени на бордот на директори на VW во септември следеше затишје за информации, но не за долго.

Според најновите новости кои доѓаат во Волфсбург, новата генерација на Beetle која ќе се појави на пазарот во втората половина на 2010 ќе има две различни верзии.

Првата е мал автомобил поставен на платфoрмата на концептот на VW, up!, за која постои веројатност дека моторот ќе биде сместен одзади како на оригиналот, а втората е автомобил сличен на актуелниот модел поставен на платформата на Golf VI.

Бидејќи сериската верзија на концептот up! треба да се појави на пазарот во 2010 оттука следи уверувањето дека и Beetle ќе пристигне кај купувачите истата година. Нормално како посебен модел.

Дизајнот на новиот Beetle нема да биде толку женствен, децидни се одговорните во VW кои го препознаваат проблемот на актуелниот модел и за кого велат дека не привлекува доволно мажи, нешто што треба да се смени.

Затоа наследникот на Beetle во голема мерка ќе превземе дел од стилот на Ragster концепт претставен во 2005 и ќе стане многу поагресивен.

Во VW размислуваат Beetle да го направат посебна марка и да понудат повеќе различни каросериски варијанти.

Една можност е искористување на основата на Scirocco за оживување на легендарниот Karman Ghia, а втората можност е користење на базата на Touran за наследник на минибус или пикап со двојна кабина. Опциите се отворени.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook