Откако сликата на Cayenne со беџот на
BYD се појави на интернет се претпоставуваше дека станува
збор за цртеж наменет да испровоцира нечија реакција. Но, кога се во прашање кинезите
се е можно.
Производителот на автомобили BYD еден од
најголемите во Кина претстави цртеж кој недвојбено е идентична копија на Porsche
Cayenne, а го носи името T6.
Секако доколку оваа копија заживее во иднина тоа ќе биде
пресликување само на надворешниот дизајн на моделот, бидејќи не веруваме дека
кинеската компанија располага со толку напредна технологија која се сокрива под
ламарината на оригиналот од Цуфенхаузен.
Факт е дека до сега од BYD излегле
клонирани верзии на оригинални модели како Lexus RX, по ново
наречен S6, или, пак, на Toyota Aygo која е крстена
како F0 minicar.
Како што споменавме сликата на овој реплициран Porsche
Cayenne се појави на повеќе интернет страници во Кина кои тврдат дека се работи за
извадок од брошура на производителот BYD и дека
појавувањето на сериски T6 е извесно.
Тоа наводно го тврди текст што стоел под сликата каде
пишувало дека BYD планира да го пушти во продажба Т6 во септември 2010.
Меѓу наводите стои и дека под хаубата ќе работи 2.0 литарски бензинец.
Други подробности за овој T6 од BYD нема.
|