|
08.06.2007 |
Поминаа пет години откако сегашната Fiesta се сретна
со купувачите, но овие ексклузивни фотографии откриваат дека Ford се
подготвува да го замени својот најдобро продаван супермини.
Во Ford планираат новата Fiesta да се
појави во автосалоните во јуни 2008.
Од она што зе наѕира, малечкото од Ford ќе го
следи правецот на Mondeo и треба да профитира од фордовиот Kinetic дизајн,
кој на Fiesta и поклонува поостри црти, надувани арки над тркалата и
пониски задни светла.
Ford ито така планира да ги прошири пазарите. Новата Fiesta
освен во Европа ќе им биде понудена на купувачте од Америка и од Далечниот
Исток.
|