Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Едвај маскиран Mini Clubman
21.06.2007
clubman1Продолжената верзија на Mini е фатена на тестирање скоро без камуфлажа. Светската премиера е закажана за септември на салонот во Франкфурт, а кај продавачите се очекува во ноември.

На фотографиите јасно се забележува поделената врата на багажникот и линијата на задната врата од страна на совозачот. Освен тоа единствената голема разлика во однос на обичниот Mini е растегнато меѓуоскино растојание и поголема стаклена градина.

Се претпоставува дека задната врата ќе се отвара наназад – бујрум врата – додека во кровот најверојатно ќе бидат сместени два сончеви крова.

Со Clubman како дополнување моделската понуда на Mini ќе се состои од Cooper, Cooper d, Cooper S и плус растегнатата верзија.

Побарувачката за Mini како марка се очекува да порасне во годините што доаѓаат. Затоа постојат планови за нови модели вклучувајќи и верзија Crossover.

Производството во фабриката во Оксфорд се очекува да ја премине бојката од 240.000 автомобили годишно во следните две години.

Поради зголеменото производство BMW сериозно размислува или да ја ангажира Magna Steyr. Втората варијанта е да ги прошири погоните во Оксфорд.

clubman2clubman3clubman4

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook