Get Adobe Flash player
Ексклузивно Citroen C3
26.06.2009
citroen-c3-2010-1.jpgФотографиите се направени тајно на така наречената VIP премиера на новата генерација на Citroen C3 во Франција. Останати информации освен четирите фотографии со кои се располага недостасуваат.

За среќа не се работи за шпијунски фотографии и автомобилот е откриен во целост без досадните камуфлажи иако објавувачот се потрудил да ги замаскира лицата на посетителите на презентацијата.

Ако се суди според фотографиите новиот Citroen C3 личи како да е сменет од корен и изгледа добро и модерно.

Комерцијализацијата на автомобилот е закажана за месец март 2010 кога ќе го замени актуелниот С3 којшто ќе продолжи да се продава како поевтина алтернатива. Ист потег направи и Peugeot со моделите 207 и 206.

Новиот Citroen C3 е поставен на основата на Peugeot 207, кој требаше да го замени успешниот 206, но французите одлучија да го произведуваат до 2010.

Citroen пак го претстави С3 во 2002, четири години подоцна автомобилот доживеа фејслифт. Берзија која се продава ден денес и ќе се пордава во иднина. Крајниот рок до кога актуелниот С3 ќе се произведува сеуште не се знае.  

Бидејќи ја дели платформата со 207, С3 ќе ги носи истите мотори и најверојатно ќе нуди слични перформанси, потрошувачка и емисија на издувни гасови.

Однадвор во новата генерација на C3 се препознаваат дизајнерски елелменти иснпирирани од претставениот концепт DS3 кој исто така стартува со продажба во март 2010.

Citroen C3 благодарение на огромниот отвор за воздух во предниот браник во форма на трапез, светлата за магла и наназад развлечените светла делува луто и нуди спортски призвук. Тука е и новото хромирано лого на Citroen кое се истакнува со својата димензија.

Одзади исто така се забележуваат огромни промени. Задните светла во форма на бумеранг дизајнерски потсетуваат на претходната генерација на Citroen С5 и прават автомобилот да изгледа посериозно посебно со хромираната лајсна во дното на вратата на багажникот.

Автомобилот ќе може да се добие и со панорамски кров кој навлегува длабоко над главите на возачот и совозачот и делува како продолжување на предното стакло.

Што се случува во кабината неможеме да дознаеме. Но, ако се суди според надворешните елементи можеме да очекуваме дека дизајнерите и за кабината се како пример го земале дизајнот на внатрешноста на DS3.

Светската премиера на Citroen C3 е закажана за на есен на салонот во Фрaнкфурт кога ќе биде прикажан и DS3.

 

 

 

 

Facebook