Get Adobe Flash player
Evo X против WRX STi
06.07.2007
evo-x-3Оваа борба во случајов би требала да се нарече „spy photos против spy photos” станува збор за најжешките верзии на сериски модели кои доаѓаат од Јапонија, а палат и жарат секаде низ светот.

Наполнете ги своите интеркулери, престрелката меѓу новиот Mitsubishi Evo X и Subaru WRX STi може да почне.

И двата автомобили се фатени неодамна како тестираат на Нирбургринг и секој од нив се остри на грубиот асфалт како би го ставил својот противник во групата на пешаци.

Иако Subaru одлучи да го смени обликот на каросеријата и од седан да се претвори во хечбек со пет врати, израстокот одзади, големите браници, спојлер како спуштена брада напред и разјапениот отвор во хаубата кој го храни интеркулерот со воздух откриваат што сакаат да постигнат јапонските инженери. Згора на тоа би се согласиле и со мат црната боја, но не веруваме дека ќе биде во понудата на Subaru.

Од друга страна пак Mitsubishi Evo X има лице кое го сокрива отворот што дополнително го полни со воздух интеркулерот и совршено го вклупува во предната маска. Кога на ова ќе се додаде џиновското задно крило и големите тркала повторно е јасно дека ова е ватомобил што е подготвен да го запали фитилот.

И двата автомобили ќе имаат погон на четири тркала, двата ќе имаат повеќе од 300 коњи и двата нестрпливо чекаат да го растргнат противникот во споредбен тест.

До тогаш им оставаме на фотографииве да ја бијат битката и да ја освојат победата за вас.

wrx-sti-1evo-x-2wrx-sti-2

 

 

 

evo-x-1wrx-sti-3

 

 

 

Facebook