Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Евтин ван доаѓа од Dacia
27.09.2011

Dacia работи на нов проект, компактен ван, со кого ќе ја комплетира понудата и ќе ја зголеми конкурентноста на глобално ниво. Првичните информации за ванот се дека ќе биде евтин и ќе се вика Popster.

dacia-van-1-2011-1

Првиот ван на Dacia ќе се нуди во две варијанти, товарна и патничка. И од двете варијанти се очекува голем успех заради просторната кабина, големиот волумен на багажникот и ниската цена.

Проектот Popster засега се работи по кодна ознака J92 и во патничката варијанта ќе биде предвиден за превоз на седум патници. Воедно таа ќе биде подолга од товарната и во должина ќе мери околу 4.500 mm.

Товарната би требало да биде покуса за околу 200 mm. И двете верзии ќе имаат по две странични лизгачки врати одзади, а ќе ги задвижуваат познатите мотори, бензинецот од 1.6 литри и дизелот dCi од 1.5 литри.

Ванот на Dacia ќе биде поставен на платформата на Logan, но не се исклучува можноста да бидат земени на заем механички компоненти од ванот на Nissan, NV200. Како ќе личи сеуште не се знае бидејќи е прекриен со масивна камуфлажа.

Затоа се знае дека ќе стартува со цена од околу 13.000 евра и ќе се произведува во новата фабрика на групацијата Renault во Тангир, Мароко, а на некои пазари како на пример низ Западна Европа ќе се продава под беџот на Renault.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook