Get Adobe Flash player
Фатен серискиот BMW X1
12.06.2009
bmw-x1-1.jpgBMW одлучи да претстави неколку тизери од својот нов модел Х1, но паралелно со нив на интернет се појавија и шпијунски фотографии скоро без камуфлажа од последните тестирања на сериската верзија на возилото.

Фотографиите направени од ловците на автомобили сосем јасно го претставуваат Х1 со неговиот конечен изглед. Вклучувајќи ги предната маска и светла како и обликот на задните светла.

Според најавите од Минхен, Х1 треба да се појави на пазарот во Европа кон крајот на годината како модел за 2010, или пaк, евентуално на почетокот на следната година. На пазарот во САД ќе се појави дури цела година подоцна.

BMW X1 ќе ја дели платформата со Mini Crossman, а според дизајнот може да се заклучи дека личи на комбинација од многу актуелни модели на производителот од Баварија, но затоа предните светла се уникатни.

BMW Х1 ќе има постојан погон на четири тркала и на стартот од продажбата ќе биде понуден како xDrive18i и xDrive18d. Подоцна ќе пристигнат иверзиите xDrive20d и xDrive23d. Врвот на понудата е загарантиран за xDrive28i.

 

 

 

 

Facebook