Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фатена Skoda Superb
05.11.2007
skoda-superb-next-gen-1.jpgSkoda се подготвува за напад во повисока класа со сосем новиот Superb кој треба да пристигне како комбилимузина. Чешкиот знаменосец ќе биде претставен на салонот во Женева.

Познавачите на приликите во Skoda потврдија дека новиот Superb е дело на инженерот што стои зад луксузниот брод на VW, Phaeton и дека на нишан го држи новиот Ford Mondeo.

Воедно производителот од Чешка има намера да му го загорчи и живото на Volvo со претставување на Superb караван кој ќе се појави на пазарот една година по комбилимузината.

Продажбата на Superb би требало да стартува на есен 2008 со цени кои од околу 22.000 па се до 35.000 евра, а се планира продажба од 20.000 автомобили на годишно ниво што е далеку повеќе од сегашниот модел.

Superb се базира на платформата на VW Passat, но со слобода во креирањето. Тестирањето низ цела планета е во завршна фаза. Димензиите на новиот автомобил се поголеми од претходникот кој почива на основата на Audi A6. Основната верзија доаѓа со 1.4 литарскиот бензинец TSI со 140 коњски сили, а следуваат и верзиите од 158 КС и 200 КС на 1.8 литарскиот TSI.

Дизелите ќе се префрлат на многу порафинираниот common rail систем за вбризгување. Повеќето модели ќе имаат шест степен мануелен менувач, а како опција ќе се нуди и DSG.

Високо перформансниот VRS Superb ќе има погон на четири тркала, 3.6 литарски V6 и само срамежливи 300 коњски сили и најважното веќе се наоѓа во завршна фаза на тестирање.

Новиот „инфотејнмент” систем со екран кој реагира на допир инкорпорира и хард диск и слот за SD мемориска картичка што го прави масовното складирање на музика неверојатно едноставно и што најверојатно кога станува збор за во автомобил ќе му пресуди на iPod.

Superb исто така е првиот автомобил во групата VW кој ќе добие адаптибилни предни светла. Склопот ги користи предните светла за магла за осветлување на патот при свртување (системот веќе го користи новото Fiat Bravo) и има ксенон светла кои го прилагодуваат светлосниот сноп во зависност од брзината на возилото.

Инженерите во Skoda се фокусираат на освојување на нови сегменти како што е голем ван по примерот на Sharan и голем SUV кој би требало да го надополни Yeti кој доаѓа во 2009.

Овие модели се планираат за после 2010 и исто како и Roomster ќе носат значително различен стајлинг во однос на останатите возила од групата VW.

skoda-superb-next-gen-2.jpgskoda-superb-next-gen-3.jpgskoda-superb-next-gen-4.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook