Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Фатена жешка Ibiza
23.04.2008
seat-ibiza-fr-1.jpgНирбургринг е местото каде што се ловат автомобили на кои им врие крвта. Ова посебно важи за новата Seat Ibiza која наскоро треба да ја видиме во FR и Cupra издание.

Во нејзиниот случај развојните инженери намерно се одлучиле за тестно муле во облик на смирената верзија со пет врати и покрај најавите дека главната одлика на FR и на Cupra ќе биде каросериска варијанта со три врати која ќе наликува на концептот Bocanegra од Женева.

Сепак, големите леснометални бандажи зад кои се сокриваат огромните сопирачки дискови и црвени клешти и двојните издувни цевки што штрчат од под задниот браник укажуваат на тоа дека под хаубата на навидум смирената Ibiza се сокрива моќен мотор.

Сеуште нема никакви информации околу механиката што ќе ја користи популарниот спортист на Seat. Претпоставките одат од 1.8 литарскиот турбо бензинец до 2.0 литарскиот TDI од Leon.

Се очекува на пазарот прво да се појави спортската верзија FR, а потоа екстремната Cupra, но сеуште нема најави кога би се случила комерцијализацијата на овие два модели.

Веруваме дека со оглед на интересот што се појавува за новата Ibiza, претставувањето на овие два модели би требало да се случи што поскоро.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook