Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ferrari 2+2 фатен на Фиорано
11.04.2008
ferrari-2-plus-2-1.jpgНовиот модел на Ferrari со 2+2 седишта кој треба да се доживее премиера на салонот во Париз е забележан за време на тестирање на приватната патека на производителот Фиорано.

Иако за овој модел се зборуваше како за најмалечко Ferrari и се претпоставуваше дека ќе биде помал од F430 сепак, не е така. Тој ќе биде поголем и ќе носи помоќен V8 од 4.7 литри.

Тешко е да се претпостави вистинскиот облик на автомобилот поради навистина масивната камуфлажа, но извесно е дека ќе го задржи стилот на Ferrari со долга хауба и закосен заден дел, односно би требало да го следи линиите на 612 Scaglietti но и неговите пропроции бидејќи ќе мора во кабината да смести четири возрасни патници.

Она што боде очи на тестното муле е огромната грпка за која се шпекулира дека го сокрива цврстиот преклопен кров и се поврзува со неодамна изнесените панови на Pininfarina за производство на нов компактен механизам за подвижен кров.

Плус во Ferrari најавија дека дел од производството на новиот модел ќе и го префрлат на каросериската работилница на Pininfarina.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook