Get Adobe Flash player
Ferrari F450 повторно уловен без камуфлажа
11.06.2009
ferrari-f450-1.jpgНовото нервозно коњче од Маранело, F450 наследник на F430 е уловено на спореден пат во околина на седиштето на компанијата при обидот да замине на тестирање на сопирачките на пaтеката Fiorano.

Изворот на информацијата наведува дека автомобилот фатен на пат кон тестниот полигон на Ferrari, патеката Fiorano, иако наликува на актуелниот F430 делува поголемо. Автомобилот е поголем и во должина и во ширина и во висина, а има и поголемо меѓуоскино растојание.

Напpавените фотографии, не го претставуваат F450. Уловениот автомобил е тестно муле, додека концептот преку кој ќе биде најавен наследникот на F430 ќе биде претставен на есен на салонот во Франкфурт.

Сепак, автомобиолот има неколку стилски карактеристики по кои се одвојува од F430 и кои подобро ќе можат да се видат на премиерата. Од она што може да се забележи во моментов е дизајнот на предниот браник со испакнати крилца од страна и поагресивен сплитер во средина и поголемиот и поагресивен заден дифузор.

Поставен централно ќе работи атмосферски бензинец V8 со зафатнина од 4.5 литри како што ни предочува и името, а се претпоставува дека максималната моќност ќе биде подигната на околу 550 КС.

Моторот моќната коњица ќе ја испраќа до задните тркала преку новиот менувач со две спојки кого веќе го користи Ferrari California. Секако управувачката електроника на менувачот ќе има поинаков читајте поспортски сетап.

Од Ferrari доаѓа ветување дека F450 ќе биде значително подинамичен и ќе има подобри возни карактеристики од моделот што го наследува.

Ferrari F450 ќе има и значително поголеми отвори за довод на ладен воздух и ќе има повеќе отвори за одвод на врелиот воздух генериран од сопирачките и моторот.

Кога сме кај сопирачките тие во F450 најверојатно ќе имаат регенеративен систем која ја претвора кинетичката енергија добиена при сопирање во електрична. Системот би требало да биде сличен на KERS кој еден ден треба да заживее и во болидите на Формула 1.

 

 

 

 

Facebook