Појавувањето на голем број на кабриолети и родстери од
останатите производители на супер спортски автомобили ги принуди одговорните
во Ferrari повторно да размислуваат на оваа тема.
Претставувањето на Ferrari
California е дел од одговорот на нападот на отворени спортисти, но
сепак во Маранело одлучиле да подготват нешто многу пожестоко и тоа во форма на
599 GTB Fiorano.
Претставен во 2006 на салонот во Женева, а дизајниран со
цел да потсетува на класичните спортски автомобили од 60. години на ХХ век,
време кога Ferrari беше неприкосновен во автомобилскиот спорт, 599
GTB Fiorano стана најмоќниот сериски произведен Ferrari кој под
хаубата го носи 6.0 литарскиот V12 од Enzo којшто остварува 620 коњски сили при 7.600 врт/мин.
Моторот може да достигне максимални 8.400 врт/мин,
клапните во всисниот тракт имаат променливо време на отворање, а степенот на
компресија е 11,2:1. Максималниот вртежен момент е 608 Nm при високи
5.600 врт/мин, но затоа пак 90% од вредноста се
расположиви веќе од 3.500 врт/мин.
Погонот, нормално, е на задните тркала, а снагата до нив се пренесува
преку шест степен менувач наречен F1 Superfast или супер брз.
Е сега, сите оние што немаат проблем да чекаат, не само
што ќе го добијат сето ова, туку и ќе уживаат во него со ветар во коси и
соодветна звучна кулиса зад себе.
Показател за ваквото очекување се шпијунските фотографии
направени од ловците на автомобили. На нив може да се забележи првиот прототип
кој ја претставува откриената верзија на 599 GTB Fiorano или ако се
водиме според начинот на именување на автомобилите во Ferrari, 599 Barchetta.
На фотографијата јасно се забележува кровот кој може да
се отстрани, и/или, евентуално да се склопи.
Според информацијата отворената верзија на 599 GTB
Fiorano ќе биде претставена на салонот во Женева на пролет 2009. Се претпоставува и
дека 599 Barchetta ќе биде произведен во ограничена серија од неколку
стотини примероци.
|