Тука не станува збор за моделот кој наскоро ќе пристигне
во продажните салони и е фејслифт на постоечкиот Focus од втората
генерација, туку за потполно нов модел или Ford Focus III.
Според првичните информации Focus III ќе биде подобар
од претходникот во секој поглед и ќе ги држи на нишан луксузните компакти како
што се Audi A3 и BMW Серија 1. Нема што во Ford целат
високо, но многу поверојатно е дека и третата генерација на Focus ќе води
битка за купувачите со новата генерација на Opel Astra и Golf
IV.
Фотографиите покажуваат дека Focus III ќе нуди
многу по шик изглед, многу повеќе простор во кабината, последица на зголеменото
меѓуоскино растојание и багажникот и уште подобри возни својства.
Дизајнерските детали запнуваат за око. Набабрени арки над
тркалата, широка трага на тркалата, тесна маска и огромен трапезоиден всисник
за воздух и уште понакосени предни светла со светлечки диоди. Од зади
остануваат вертикалните светла, носе га во долниот дел се рашируваат во форма
на „L” и влегуваат во задните крила.
Желбата да се стави рамо до рамо со луксузните германски
компакти резултира со користење на многу поквалитетни материјали во
внатрешноста и забавна електроника кој е последн крик на технологијата. Како Bluetooth,
пристап до интернет, сателитска навигација, отклучување и стартување на
автомобилот без клуч...
Понатаму користењето на композити ќе ја намали тежината,
а со тоа и емисијата на издувни гасови. Суспензијата ќе биде наследник на
сегашната мултилинк задна оска и опружна нога напред, но конструкторите ќе ја
доработат заради зголемување на задоволството при возење. Значи и третата
генерација на Focus ќе биде возачки настроен автомобил.
За да го следи современиот тек на настаните во
автомобилската индустрија под хаубата на Focus III ќе
работата нови мотори со мала зафатнина и турбополнач. Но, ова се однесува само
на бензинците. Дизелите осатнуваат исти и нормално ќе бидат доработени и
модификувани за да ги задоволат строгите норми што ги планира ЕУ за во иднина.
Инженерите во Ford најавуваат дека Focus III ќе биде
еден од најзелените автомобили кога ќе пристигне во 2010.
За врвот на гамата е резервиран моделот ST кој од
сегашниот 2.5 литарски пет цилиндарец со турбо полнач ќе извлекува уште повеќе
коњи. Се зборува за моќност од 260 коњски сили. Знaчи и тука Focus
III планира да го превзеде приматот во класата.

|