Во развојните центри на Ford напредува
создавањето на нов модел кој ќе биде мини MPV поставен
на платфромата на новата Fiesta и кој треба да го замени постоечкиот Fusion.
Се претпоставува дека малечкиот ван ќе го носи името B-Max и со него Ford за првпат
ќе влезе во брзорастечкиот сегмент на малечки ванови. B-Max ќе биде
позициониран под нeговиот поголем брат C-Мax.
Планот на Ford, актуелниот Fusion да стане
главен конкурент на Opel Meriva и Renault Modus не успеа.
Малечките ванови едноставно имаа многу подобра прифатеност од публиката на европскиот пазар отколку Fusion.
Токму ова е причината која доведе до одлука да се смени
концептот што треба да се бори во дадениот сегмент. Амбициите на Ford се
наследникот на Fusion, B-Max, да постигне значително поголем успех, односно да зграби
што поголемо парче од пазарниот колач.
Сепак, и покрај очекувањата на Ford, B-Max го чека
жестока борба во освојувањето на купувачи. Негов најголем конкурент ќе биде
наследникот на Opel Meriva кој иста така се очекува да пристигне
во 2009.
B-Max би требало да ја освои публиката со својот дизајн.
Атрактивните линии кои ги следат смерниците поставени од новата Fiesta со ниска
предница, кренат задник, големи испакнати арки над тркалата B-Max личи
динамично па дури и агресивно.
Силна страна на B-Max ќе бидат
агрегаттите кои се најавени за новиот Focus. Станува збор за
турбо бензинци со зафатнина од 1.0 и 1.6 литри и моќност од 89 и 108 коњски сили за помалиот
и 148 и 178 коњски сили за поголемиот мотор.
Покрај нив тука е и новиот дизел со зафатнина од 1.6
литри и рапон на моќност од 89, 108 и 128 коњски сили. На база на овој дизел е
биде произведена и еколошката верзија на B-Max наречена Econetic.
Развојот на B-Max е во завршна фаза.
Сепак, неговото претставување пред светската јавност се очекува на салонот во Франкфурт
2009, а производството би стартувало веднаш потоа во фабриката на Ford во Крајова,
Романија. Продажбата е закажана за почетокот на 2010.
Ford планира од производните ленти во Крајова годишно да се
симнуваат по 100.000 примероци на B-Max.
|