Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ford Ka ST ќе биде жежок мини хит
05.09.2008
ford-ka-st-1.jpgНаследувајќи ги спортските гени на Sportka и на Fiesta ST, новиот Ka ST е подготвен да се фати во костец со сериозната конкуренција која доаѓа во форма на Twingo RS и Abarth 500.

Според експертите за маркетинг во Британија, Ka ST ги има сите предуслови за превласт во класата, пред се поради репутацијата на Ford како производител на автомобили со исклучителни возни својства.

Сепак, претпоставките доминантно се однесуваат на пазарот во Британија кој и без друго е наклонет кон моделите на Ford. Посебно на перформансните верзии како Focus и  Fiesta ST.

Настрана предвидувањата на експертите. Она што е важно во случајов е дека Ka ST освојува со својот настап. Надуваните крила, спортскиот преден браник со мрежа како пчелино саќе, страничните завеси и задниот браник со интегриран дифузор од каде штрчат две хромирани издувни цевки јасно кажуваат што треба да се очекува од малечково.

Плус тука се и дуплите ленти кои се протегаат по средина на автомобилот, а пораката што ја пренесуваат му е јасна на секој возач. „Ова е дупла полна линија, неможеш да ме престигнеш”.

За остварување на една ваква парола е задоложена малата енергана која ќе работи под хаубата на Ka ST. Бидејќи автомобилот е поставен на иста платформа со Fiat 500 се очекува предните тркала да ги задвижува 1.4 литарски турбо бензинец со 135 коњски сили познат од Abarth 500, но не од Opening Edition и Assetto Corse .

Со олку коњи под хаубата Ka ST би требало да фаќа темпо 100 за помалку од 8 секунди, а максималната брзина би била нешто преку 200 km/h. И покрај одличните преформанси Ka ST со просечна потрошувачка од околу 5,5 литри не би требало премногу да го оптоварува џебот на сопственикот, додека емисијата на СО2 од 150 g/km пак не би требало да ја оптоварува премногу животната средина.


Комерцијализацијата на Ka ST е предвидена некаде за во 2010 кога ќе се знае и сумата на европски банкноти што ќе треба да издвои за оваа нова џебна ракета.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook