|
04.09.2009 |
Volkswagen
подготвува ново помало купе со четири врати поставено на
основата на Golf. Новиот автомобил треба да биде смалена верзија на Passat CC и ќе претставува вистинско освежување во гамата.
Идејата за еден ваков автомобил доаѓа од критиките
упатени до VW за дизајнот на последните генерации на култниот Golf. Се
чини дека во Волфсбург конечно ќе создадат нешто ново кое со дизајнот ќе се
разликува од до сега виденото.
Како што велат информациите се работи за купе со четири
врати кое ќе ја наследни платформата и механиката од Golf, но
ако се суди според компјутерски генерираната фотографија ќе биде далеку поубав
автомобил.
Факт е дека автомобилите направени по терк на концептот
на купе со четири врати добиваат се поголема популарност, пред се поради
комфорот, функционалноста поради петата задна врата и секако подинамичниот
дизајн.
Најавата вели дека концерт на Golf CC ќе биде претставен во Франкфурт, а сериската верзија ќе се појави подоцна.
Golf
CC би требало да биде поставен на платформата на следната седма по ред генерација на Golf, но
што од сето ова е вистина и како ќе се одвиваат работите ќе дознаеме по
отворањето на вратите на саемските хали во Франкфурт.
|