Get Adobe Flash player
Honda Crosstour фатена во живо
03.06.2009
honda-crosstour-1.jpgВеднаш по најавата дека Honda работи на нов модел наречен Crosstour наменет за пазарот во САД и дека камуфлирани прототипови веќе се возат по патиштата стигнаа првите фотографии од ловците на автомобили.

Honda очигледно брза што побрзо да го претстави Crosstour во обид да ги привлече купувачите кои се одлучуваат за конкурентската Toyota Venzo. Како што пишувавме новиот Crosstour е созададен врз платформата на Accord.

Иако компјутерски генерираната фотографија прикажана првично упатува дека автомобилот во многу нешта ќе наликува на Accord Tourer, сепак според она што може да се види на фотосите од тестното муле направени во живо задникот е значително изменет.

Иако поставен на платформата на Accord, Crosstour според најновите информации ќе има поголемо меѓуоскино растојание и ќе изостане третиот ред седишта како што беше најавено претходно.

Дека на Honda и се брза говори и податокот дека веќе е закажан и стартот на производството. Crosstour ќе почен да се произведува во октомври во фабриката на Honda во градчето Ист Либерти во сојузната држава Охајо во САД.

Најверојатно во Crostour ќе се вградуваат истите мотори кои ги носи и Северно американската верзија на Accord 2.4 литарскиот атмосферски четири цилиндричен i-VTEC со 177 КС и со 190 КС и 3.5 литарскиот атмосферски V6 бензинец со 271 КС.

Се очекува Crosstour да се нуди во верзија со погон на четири тркала со ситемот на Honda, VTM-4 AWD.

 

 

 

Facebook