|
20.05.2008 |
Популарноста на продолжените лимузински верзии во Азија
е огромна, посебно во Кина каде сопствениците претпочитаат да се
возат отколку сами да се бораат со сообраќајот.
Скоро секој производител на автомобили на кинескиот пазар
нуди некој свој модел со зголемено меѓуоскино растојание. Ниту Hyundai по ова
прашање нема да биде исклучок. Затоа корејците почнаа со подготовки на
продолжена верзија на големата лимузина Genesis, а еден
таков примерок е забележан на тестирање.
Продолжената верзија ја носи кодната ознака I70 и има
меѓуоскино растојание за околу 200 милиметри поголемо од она на Genesis.
Според информациите од Hyundai новата лимузина ќе го замени моделот Equus
JS380 и ќе се продава во Јужна Кореа и Кина.
Сеуште не се знае дали ќе биде
понудена и на европскиот пазар.
Под хаубата на овој џин ќе работи 4.6 литарскиот
бензински V8 од генерацијата Tau кој во
иднина треба да добие директно вбризгување и деактивирање на едниот ред на
цилиндри со цел намалување на потрошувачката при крстарење со константна
брзина.
|