Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Hyundai i20 е фатен на тестирање
29.07.2008
hyundai-i20-1.jpgНаследникот на издржливиот Getz, кој ќе ја носи ознаката i20, на големо се подготвува од инженерите на Hyundai и е фатен за време на тестирање пред дебито на салонот во Париз.

i20 на пазарот ќе се пристигне како модел со пет врати, но во подготовка е и поспортска верзија со три врати која ќе се појави шест месеци подоцна.

Што се однесува до дизајнот i20 превзема елементи од поголемиот i30 и ќе носи слична предна маска и предни светла. Воедно автомобилот ќе порасне и ќе биде поголем од Getz, внатре ќе нуди повеќе простор и поквалитетни материјали.

Целта на Hyundai со i20 е да држи чекор со новите автомобили од таа класа како Ford Fiesta, Mazda 2, Honda Jazz...

Под хаубата на старт ќе работат два бензински агрегати. Четирицилиндерците од 1.2 и 1.4 литри со моќност од 80 и 110 коњски сили. Вториов доаѓа директно од i30. Подоцна на располагање ќе биде и 1.5 литарскиот турбо дизел со 110 коњски сили.

Светската премиера на i20 како што истакнавме е закажана за на есен за салонот во Париз, додека продажбата стартува на пролет во 2009.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook