|
11.05.2007 |
Бетменов во црн костум е всушност прототип на Hyundai
Coupe, фотографиран на тестирање во Јужна
Кореа. Автомобилот што на големо се тестира всушност е најавуваното Coupe со V8 и погон
назад.
Спортистот на Hyundai е изграден врз
платформата BH, на која е поставен и концептот Genesis.
Претставен на салонот во Њу Јорк годинава. Платформата BH треба да послужи и
за сличен седан од KIA и еден голем теренец.
Како Genesis и Coupe ќе профитира од новиот мотор Tau V8 од 4,6
литри кој остварува 300 коњски сили.
Претпоставка е дека Hyundai одлучил да го следи примерот
на јапонските марки. Новиот премиум модел ќе носи поинаков беџ.
 
|