Get Adobe Flash player
И Ferrari подготвува SUV
15.01.2008
ferrari-suv-1.jpgОсуетен е планот на Ferrari за теренец. Лекторите би рекле дека спомнувањето на Ferrari и теренец во една реченица е граматички неточно, но наш предлог е да верувате во она што го гледате.

Токму така Ferrari крои план за нов SUV во стилот на Porsche Cayenne. Како што на почеток никој неможеше да поверува дека Porsche ќе прави теренец, истото важи и за Ferrari. Но, во Маранело сакаат да заграбат дел од слаткиот колач од кој за сега се насладуваат само во Цуфенхаусен.

Проектот наречен F151 потенцијалните купувачи ќе ги пресретне со практичен ентериер, голем багажен простор и способност за совладување на тежок терен. Проектот сеуште не добил зелено светло од одборот на директори на кои најверојатно им се крши срцето што ќе мораат да го сквернават историското наследство на Ferrari. Сепак, бројките од проценките на експертите за маркетинг сигурно ќе ги натераат да го кажат судбоносното Да за еден ваков проект.

Ferrari проект F151 би имал должина од околу 5 метри и ширина од околу 2 метри. Со овие димензии сигруно ќе им обезбеди пријатни мигови при патувањето на пет возрасни патници. Доколку теренецот и во живо личи како на фотосот тогаш сигурни сме дека дизајнерите во Ferrari завржиле одлична работа.

Но, еден Ferrari не треба да биде само убав. Туку треба да одговори на основното барање зошто се купува Ferrari? Заради перформансите. Тука инженерите ќе имаат доста работа. Планирани се два мотори еден V8 и еден V12 кои сигурно ќе дојдат од постоечката линија на Ferrari.

Проблем ќе биде погонот на четири тркала бидејќи досега во Ferrari не постоело такво нешто. Планот е да се развие нов погон со помош на друг производител. На прво место на списокот стои Mercedes, главниот ривал на Ferrari во Формула 1. Можеби компаниите взаемно не се мирисаат на патека, но кога е во прашање мултимилионски бизнис тогаш воените секири се закопуваат и веднаш се пуши лулето на мирот.

Проектот F151 се очекува да го види светлото на денот во 2010,а со продажба би стартувал во 2011. За цената сеуште не станало збор, но треба да се очекува сума од близу 200.000 евра.

ferrari-suv-2.jpgferrari-suv-3.jpg

 

 

 

Facebook