Get Adobe Flash player
И Skoda ќе има свој родстер
02.03.2009
skoda-roadster-1.jpgПретставувањето на концептниот родстер на Volkswagen на салонот во Детроит наречен BlueSport всушност е најава за платформа на која ќе почиваат цела низа на проекти.

Според најавата на престижниот германски магазин Auto Motor und Sport, групацијата VW планира на истата основа да постави неколку модели кои покрај беџот и дизајнерскиот печат на Volkswagen ќе ги носат и беџовите и дизајнерските смерници  и на Seat и на Skoda.

AMS во разговор со некој од одговорните лица во групацијата VW кој сакал да остане анонимен дознава дека првиот родстер ќе пристигне на пазарот за 2 до 3 години и ќе го носи беџот на Volkswagen.

Истата година ќе биде претставен и родстерот со беџ на Skoda, додека верзијата со беџот на Seat ќе се појави цела година подоцна.

Во центарот на шасијата ќе работат турбо бензинците и турбо дизелите на Volkswagen, TFSI и TDI.

Интересна е одлуката на одговорните во групацијата еден ваков спортски модел прво да го носи беџот на Skoda, ако се знае дека позицијата на шпанскиот производител е да се препознава како спортска марка.

Од друга страна Skoda во групата е позиционирана како производител на семејни возила кои се нудат по прифатливи цени и не е јасна логиката зошто во Volkswagen сакаат да создадат ваква внатрешна конкуренција со три безмалку идентични родстери во еден олку тесен сегмент.

 

 

 

Facebook