Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Идниот Saab 9-3 поголем и со погон на сите тркала
19.05.2007
saab93crt Пред само неколку денови Saab ja прикажа освежената верзија на 9-3 во стил на концептот Aero-X. Шведската марка во иднина ќе настапува со поспортски и помладешки имиџ.


Концептот Aero-X го постави темелникот на новиот настап на марката Saab. Неговото влијание се препознава во неодамнешниот фејслифт на Saab 9-3, но уште повеќе ќе се забележува кај следната генерација на моделот.

Додека новата Opel Vectra веќе тропа на врата, нејзината роднина од Шведска штотуку почнува да се тестира по пробните патеки. Во моментов е тешко да се препознае за какво возило се работи. Шведските инженери користат проширена каросерија од сегашната Vectra, а оздола е механиката од новата платформа Epsilon 2. Сепак, седиштата и внатрешноста се од Saab.

saab93frntСо пошироката платформа се постигнува повеќе простор за патниците во кабината што е пресуден фактот за успехот на новиот Saab 9-3. Додека Vectra ќе биде лимузина за широката народна маса, Saab ќе се позиционира повисоко и ќе им парира на Audi A4, BMW серија 3 и на класата C на Mercedes.

Прототипот што сега се тестира вози со погон на сите тркала, кој долго се очекуваше. Овој погон од есенва ќе го има и во актуелниот Saab 9-3. Марката се надева saab93stbдека половина од продажбата ќе отпадне на верзиите со погон на сите тркала XWD. Ќе очекуваме и моќни мотори што работат со биогорива и нов мотор со двојно турбонатполнење. Saab ќе ја руши и границата од 300 коњски сили со новиот Turbo V6 кој се претпоставува дека ќе се појави уште во сегашниот 9-3.


Новата генерација од Шведска може да ја очекуваме кон крајот на 2008 година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook