Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Jaguar XJ на работна маса
15.01.2008
jaguar-xj-1.jpgДефинитивно Jaguar е во офанзива. Во исто време кога папараците успеаја да го фатат XKR-R, а паралелно е фатена и новата голема мачка чив развој се држи во тајност, а се работи за лимузината ХЈ.

Ова се првите фотографии од прототипот на новиот знаменосец на марката фатен на тестирање. Новиот ХЈ не е комплетно нов автомобил. Поставен е на основата на сегашниот ХЈ, но затоа дизајнот ќе ги следи смерниците поставени од новиот XF.

Моторната понуда се сведува на еден бензинец и еден дизел и двата со зафатнина од 3.0 литри и шест цилиндри. Кај бензинецот поставени во линија, а кај дизелот во конфигурација V.

Бензинецот би требало да има поголема моќност благодарение на новите  електрични супер кондензатори со кои експериментираат во Jaguar, а дизелот се полни со два трубополначи.

Очекувањата се дека новиот Jaguar XJ ќе пристигне кај продавачите некаде во 2010.

jaguar-xj-2.jpgjaguar-xj-3.jpgjaguar-xj-4.jpg








jaguar-xj-5.jpg
 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook