Најавеното освежување на популарниот компакт на Kia кој
ги разбранува духовите на европскиот пазар Cee`d се наоѓа во завршна фаза
и наскоро се очекува негово официјално претставување.
Доказ за направениот фејслифт и конечниот изглед на
обновената верзија се фотографиите на немаскиран примерок уловен на улиците во Жлина,
Словачка каде што и се произведува Cee`d.
Од она што може да се забележи на фотографиите
разубавениот модел има нова повпечатлива предна маска, нови светла, преден
браник со трапезна решетка, нова хауба и ретровизори со вградени трепкачи.
Дизајнерските измени му даваат на автомобилот значително
подинамичен лик додека дополнителните странични крилца на предниот браник и
пошироките прагови покажуваат дека се работи за некоја верзија со спортски кит.
И додека предницата е комплетно нова, задниот дел
претрпел значително помали измени. Малку е сменет дизајнот на браникот и
оптиката на задните светла чив облик останува не сменет.
Внатре се забележува новиот дизајн на воланот и на
централната конзола која сега има држачи по примерот на моделите
на Audi. Редизајнирани се и инструментите, но и радио уредот.
Сеуште не се знае дали покрај освежениот дизајн Cee`d доаѓа
и со модернизирана механика. Секако сето ова ќе се дознае на светската премиера
на претстојниот салон во Франкфурт.
|