Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Kia со нов миниван
23.12.2008
kia-soul-minivan-2009-1.jpgKia е во фаза на развој на нов миниван кој ќе биде поставен на платфoрмата на Soul и ќе влезе до директен бој за купувачи со Honda Jazz, Nissan Note и Opel Мeriva .

Не се знае дали моделот со работна ознака YN ќе го задржи името Soul, плус некаква наставка која ќе ја обележи концепцијата на автомобилот, или пак, во Kia ќе се одлучат за некое сосема поинакво име.

Споредбено со кросоверот Soul, овој малечок MPV ќе нуди уште повеќе простор во кабината и багажникот, ќе биде варијабилен со можност за повеќе комбинации за седиштата и поради тоа ќе биде далеку попрактичен.

Ловците на автомобили успеале да направат повеќе добри фотографии од миниванот од кои една е од внатрешноста која во целост е соголена, освен најпотребните елементи како арматура, волан, седишта.

Поголемиот дел од информациите за миниванот Soul сеуште се сокриваат. Се знае дека под хаубата ќе носи бензински и дизел мотор со зафатнина од 1.6 литри и двата со моќност од 126 коњски сили, додека на некои пазари 1.6 литарскиот дизел ќе се нуди со моќност од 115 КС.

Покрај овие два агрегати ќе се вградува и бензински дволитарец со моќност од 142 коњски сили. Се очекува едноволуменецот да има панорамски кров и богата сериска опрема.

Новиот миниван ќе настапува и со беџот на Hyundai со малку изменет дизајн и ќе се појави отприлика една година по стартот на продажбата на моделот на Kia.

Претставувањето на миниванот на Kia се очекува да биде на салонот во Женева во март 2009, додека стартот на продажбата е закажан за на есен.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook