|
04.09.2009 |
Иако долго најавуван и со нетрпение се очекуваше да се
појави на салонот во Франкфурт, сериската верзија на првиот кросовер на Mini
поставен на основата на BMW X1 ќе
чека подобри времиња.
Факт е дека автомобилот доби зелено светло за да влезе во
серија уште кон крајот на минатата година и со нетрпение се очекуваше да ја
промува својата муцка под рефлекторите на салонот во Франкфурт.
Сепак, ништо од тоа. Информациите коишто доаѓаат од
централата на BMW во Минхен велат дека светската премиера ќе биде одложена до следната
година.
Причината како што наведуваат од BMW е
желбата да се добие конкретна слика за учинокот на пазарот за сите модели на Mini
вклучувајќи го и новиот Mini
Coupe и да се истражи како реагираат купувачите
на понудата на голем број различни модели на Mini.
Затоа одлуката е во Франкфурт да се претстави Mini Coupe кој добива зелено светло за старт на сериско производство заедно со
неговиот откриен брат Mini
Roadster.
Затоа кросоверот на Mini
ќе почека. Но, не за долго. Развојот продолжува со полна
пареа и се претпоставува дека ќе се појави во Женева.
Производството исто како и на неговиот брат близнак BMW X1, од кого ја зајми платформата и погонот на четири тркала, ќе им биде
препуштено на експертите на австриската Magna Steyr.
|