|
23.06.2008 |
Препознавате се работи за цртеж на кој е претставен
спортистот од третата генерација на Megane. Моделот Megane Coupe
најверојатно ќе ја носи ознаката R28.
Иако до сега веќе видовме еден куп фотографии од новиот Мegane сепак, еден
вака убаво обработен цртеж најдобро отсликува што ни носи новиот компaкт на Renault
со кого француската марка сака да го завзеде приматот во класата.
Megane Coupe треба да го наследи одличниот турбо
бензинец од 2.0 литри кој работи во Megane R26 и испорачува 225
коњски сили на предните тркала.
Поставен на новата платформа развиена од соработката со Nissan врз која исто така поставен е и Qashqai, Megane
предочува еден интересен податок. Имено бидејќи Qashqai поседува и
погон на четири тркала извесно е дека и новиот Megane Coupe R28 моќните
225+ коњски сили ќе ги испраќа до секое тркало одделно.
Предностите во поглед на тракцијата, држењето на пат и
управувањето сметаме дека не треба да се објаснуваат.
Megane Coupe R28 треба да се појави на пазарот во 2009
и во Европа ќе стартува со цена од околу 25.000 евра.
|