|
20.06.2007 |
На салонот во Токио годинава Lexus ќе ја претстави сериската верзија на својот суперспортски модел. Полумаскираниот прототип ги привршува тестирањата на патеката во Нирбургринг.
Се забележува дека дизајнот на серискиот модел не отстапува воопшто од студијата што Lexus ја прикажа на салонот во Детроит во јануари годинава.
Под хаубата ќе се вдоми десетцилиндарски мотор во V со сила од околу 500 КС. Крајната брзина што ќе ја постигнува спортистот на Lexus треба да биде 320 километри на час.
За оптимална распределба на тежината моторот е поставен далеку зад предната оска, а менувачот е сместен на задната оска.
|