Ловците конечно дојдоа до еден од нивните највредни
трофеи, а тоа е најавениот супер спортски автомобил на Lexus, LF-A
којшто беше фатен за време на тестирање на Нирбургринг.
Уловениот автомобил возел по патеката безмалку без карактеристичната
камуфлажа, но ова и не треба многу да изненадува со оглед на фактот дека
продажбата се очекува да стартува веднаш по светската премиера на салонот во
Токио кој се одржува следниот месец.
Според досегашните сознанија Lexus ќе
произведе лимитирана серија од LF-A, поточно од LF-L , од само 500 примероци.
И бидејќи производството ќе се одвива рачно се очекува
дека за исполнување на наведената бројка произведени примероци ќе бидат
потребни околу три години.
Она што е интересно за потенцијалните клиенти на стариот
континент е информацијата дека првите примероци на Lexus LF-A на
европскиот пазар ќе се појават во првата половина на следната година.
Новина во скромниот наплив на информации за LF-A е
дека 5.0 литарскиот V10 ќе се врти до максимални 9.000 врт/мин пред да се вклучи лимитаторот кој
го чува моторот од тешката нога на среќните сопственици.
Инженерите потврдуваат дека моторо ќе остварува 500 КС и
дека соодност на снага со тежина ќе изнесува 366,666 КС по тон. Со едноставна
математичка операција се пресметува дека LF-A ќе тежи околу 1.340 kg.
Наведените бројки говорат, барем во теоретски, дека LF-A ќе има подобри перформанси и динамички карактеристики од еден Ferrari 599 GTB Fiorаno кого во Lexus го наведуваат како главен конкурент на LF-A.
Шасијата монокок на LF-A е изработена од карбон-фибер поставен врз саќе од алуминиум, материјал од
кого е изработена и каросеријата.
Спортистот на Lexus ќе стои на квани леснометални бандажи со дијаметар од 20 инчи зад кои се
сокриваат карбон-керамички сопирачки дискови со голем дијаметар кои напред ги
зафаќаат шест клипни сопирачки клешти.
Цената е сеуште подложна на мали измени, но грубо LF-A во Европа ќе чини околу 350.000 евра.
|