Get Adobe Flash player
Lexus со хибриден компакт во Европа
08.05.2009
lexus-kompakt-hibrid-2010-1.jpgОд Lexus пристигнуваат информации дека компанијата се подготвува на годинешниот салон во Франкфурт да претстави нов компактен хибрид наменет исклучиво за пазарите во Европа.

Планот е новиот хибрид да стане главен конкурент на компактите од премим сегментот како што се Audi A3 и BMW Серија 1. Првиот компакт на Lexus ќе биде поставен на платформата врз која почива новата генерација на Toyota Prius и ќе има погон напред.

Автомобилот чиe име сеуште останува непознаница ќе биде хибрид со примарен бензински агрегат кој има Аткинсон работен циклус. Овој циклус е создаден од Џејмс Аткинсон во 1882 и има за цел да ја подобри економичноста кај бензинските мотори на сметка на моќноста.

Тоа значи дека четирите операции кои кај класичниот Отот четиритактен бензинец вшмукување, компресија, согорување со експанзија и издув се случуваат за време на две свртувања на коленестото вратило, во случајот на Аткинсон работниот циклус, се случуваат за едно свртување на коленестото вратило.

Кај моторите со Аткинсон работен циклус вшмукувачкиот вентил останува отворен подолго што овозможува дел од воздухот вшмукан во цилиндерот да се врати во доводот за воздух. Така во цилиндерот се задржува помалку воздух поради што е потребно и помало количество на гориво за да се постигне соодветниот стехиометриски однос.

А за да се постигне соодветниот степен на експанзија потребно е да се зголеми компресијата. Значи со зголемување на компресијата без оглед што во цилиндерот се наоѓа помалку гориво и воздух процесот на согорување со експанзија останува несменет поради што се постигнува целта за намалување на потрошувачката со задржување на еквивалентот на моќност.

Што значи дека за помал волумен на воздух е постигната поголема експанзија која овозможува повеќе енергија да биде претворена од топлинска во корисна механичка енергија поради што моторот станува поефикасен, но ја  нема моќноста на бензинец со Ото  циклус.

Овој тип на агрегати се вградува во Toyota Prius од 2004, а го носи и новата генерација на Рrius како и новиот Lexus HS 250h кој наскоро ќе стартува со продажба на пазарот во САД.

Во новиот компакт на Lexus вградениот бензинец ќе има зафатнина од 2.4 литри и во комбинација со електромотор ќе испорачува максимална моќност од 187 КС.

Без оглед што премиерата како концепт ќе ја доживее годинава во Франкфурт новиот комапакт на Lexus ќе стартува со продажба во втората половина на 2010.

Цената би требало да биде на ниво на дизелската верзија на актуелниот Lexus IS.

 

 

 

Facebook