Get Adobe Flash player
Малечок SUV од BMW
07.12.2007
bmw-x1-1.jpgНајмалиот SUV на BMW за кого баварците го одбраа името Х1 ги прави првите чекори. На прв поглед прототипот личи на маскиран Х3, но под пластиките всушност се крие нов малечок теренец.

Одговорните во BMW конечно му дадоа зелено светло на проектот и воедно потврдија дека паралелно ќе се развива и мекиот теренец, Mini Monte кој ќе биде поставен врз неговата основа.

Малечкиот SUV е поставен на платформата на комбилимузината од Серија 1 на BMW, а целта е проширување на гамата влез во сегмент каде што владејат теренци од типот на Toyota RAV4.

Стајлингот несомнено ќе биде инспириран од Х5, впрочем и во случајот на Х3 се покажа дека тоа е добитна комбинација. И Х1 би требало да носи смела предна маска, но за да се разликува од своите поголеми браќа ќе има накосена, место вертикална задна врата.

Моторите ќе бидат истите што веќе работат во Серија 1 вклучувајќи го и врвниот 3.0 литарски битурбо со 306 коњски сили. Сите модели ќе имаат придобивка од технологијата на BMW, Efficient Dynamics или ефикасна динамика која инкорпорира систем старт/стоп и алтренатор кој штеди енергија со цел намалување на потрошувачката.

Х1 треба да се појави во продажните салони во 2010 по цена од околу 30.000 евра за основниот модел.

bmw-x1-2.jpgbmw-x1-3.jpgbmw-x1-4.jpg

 

 

 

Facebook