|
10.07.2007 |
Новиот Мaserati Spyder ја следи последната кабриолетска мода
и како што откриваат фотогафииве направени во близина на Милано ќе носи метален
кров на склопување.
Ова е првпат да го видиме новото чедо на Maserati со кров
кој не е целосно камуфлиран заради заштита од автомобилски папараци.
Spyder е третиот и последен автомобил од Мaserati кој е
изграден врз платформата на Quattroporte. Тој користи скратена верзија на
платформата иста како што користи и неодамна претставениот Grand
Turismo Coupe.
И покрај металниот склоплив кров Spyder
најверојатно нема да нуди четири седишта како неговиот брат близнак Grand
Turismo бидејќи е потребен екстра простор за сместување на кровот.
Значи двосед како што и му доликува е единствена
опција за Spyder.

|