Производителот од Штудгарт во моментов го губи дуелот на
пазарот со луксузни купеа. Пред се од својот главен ривал BMW кој
агресивно настапува со новата генерација на купето од Серија 3.
Затоа не чуди фактот дека инженерите во Mercedes забрзано
работат за да го завршат развојот на новиот CLK. Планот е
новото купе базирано на палтформата на новата Класа С да се појави на пазарот уште
годинава, а доказ за тоа се неодамнешните шпијунски фотографии од тестното муле.
Новиот CLK носи дизајнерски елементи кои значително ќе го
разликуваат од постоечката лимузина од Класа С. Пред се станува збор за
предните светла кои ќе бидат одвоени, но место форма на елипса го следат
правецот на новата генерација на Класа Е која ќе добие квадратни проектори.
Моторите, менувачите и трансмисијата целосно ќе бидат
превземени од Класа С вклучувајќи ги и 3.5 литарскиот V6 со 272
коњски сили и 5.5 литарскиот V8 со 450 коњи кој воедно ќе биде и врвот во понудата барем
до пристигнувањето на верзијата од AMG со 481 КС
извлечени од 6.2 литарскиот V8. CLK ќе може да се добие и со погонот на четири тркала на Mercedes наречен 4Matic, а се
зборува и за можен хибрид.
Во Mercedes се тврдат дека со напредната технологија што ќе биде
вградена во купето набрзо ќе го вратат приматот. Причина за ваквите тврдења е
вградувањето на скапи уреди од знаменосецот на марката Класа S.
Значи CLK ќе го носи системот Presafe Brake
Asist, потоа неговиот возач полесно ќе се снаоѓа ноќе со помош на системот Night
Vision, туке е и најновиот систем COMAND, како и активната
суспензија.
Се очекува CLK да биде претставен
во март на салонот во Женева, а продажбата да стартува кон крајот на 2008.
Секако CLK неможе без кабрио кој треба да се појави една година по
купето.

|