|
29.10.2007 |
Купето со четири врати на Mercedes на пазарот
е веќе три години и во компанијата одлучија дека е крајно време за првото
освежување иако стилското купе сеуште мами воздишки.
Одлуката на Mercedes веројатно е
подтикната и од фактот дека досега CLS немаше вистински
конкурент на пазарот, но наскоро тоа ќе се смени.
На пат се два модели на купеа со четири врати. Едниот
доаѓа од Porsche, a другиот од Aston Martin. Извесен
ризик за Mercedes доаѓа и од најавата за Passat Coupe но, сепак
тука станува збор за различни класи.
Фејслифтот на CLS како што
покажуваат фотографиите за сега ги опфаќа предната маска и задниот дел на
автомобилот. Предната маска сега наликува на купето со две врати CL, а од зади
се кријат многу поголеми промени кои за сега се сокриени зад камуфлажата.
Она што е очигледно е дека нови се задните светла и
задниот браник. За да ги дознаеме сите детали ќе мора да се стрпиме до
средината на 2008 кога ќе биде претставена модернизираната верзија на CLS.
|