citroen-c4-aircross-1-2012-1
Citroen C4 Aircross е на праг

Citroen ја проширува својата гама со кросоверот С4 Aircorss чија светска премиера ќе се случи на салонот во Женева

 
Get Adobe Flash player
Mercedes E Класа комби
21.07.2008
mercedes-e-klasa-kombi-1.jpgВо Mercedes на големо ја тестираат комби верзијата на новата Е Класа. Автомобилот со кодна ознака W212 е забележан во близина на Штудгарт, сокриен под тешка камуфлажа.

Маскирањето е тука за да сокрие од очите на јавноста дека новата Е Класа значително се разликува од моделот што сега се продава по салоните. Острото око на ловците на автомбили забележало голем број на детали.

Она што остава најголем впечаток се големите и испакнати арки над тркалата слично како кај S Класа, како и испакнатиот раб кој минува по цела должина на автомобилот во висина под рачките за отворање на вратите.

Поголема изгледа рамката на препознатливата маска на Mercedes, а поголеми се и отворите за довод на ладен воздух кои воедно прават автомобилот да личи поагресивно.

Во комбито на новата Е Класа, Mercedes ќе го напушти специфичниот систем за сопирање SBC кој работи во сегашниот модел и ќе вгради конвенционален сопирачки систем со вградени високотехнолошки елементи.

Ова значи дека сопирачкиот систем и понатаму ќе има можност за сушење на сопирачките дискови, прераспределување на сопирачката сила во свијоци и др. Ќи има и можност за да се избере верзија со керамички дискови, место стандардни, кои пак во верзиите AMG ќе доаѓаат сериски.

Системите за помош при возење ќе бидат основна тема во новото комби. Тука се системот за предупредување при несакано напуштање на коловозната лента, мониторинг на очите на возачот во случај да заспие додека вози, систем за идентификација на знаците крај патот, сензори за определување на растојанието од автомобилот пред вас, систем за стабилност способен да ја отчитува силата на страничниот ветар, систем за мерење на притисокот во гумите и за отчитување на нивната истрошеност итн. Набројувањето би одело во недоглед.

Сепак, и покрај вградувањето на висока технологија главната цел на инженерите во Mercedes е да направат автомобил кој нема да биде полуксузен од знаменосецот Класа S.

Под хаубата ќе работат познатите V6 и V8 бензинци и дизели, а врвот од понудата е резервиран за атмосферскиот бензинец со зафатнина од 6.0 литри и моќност од преку 500 коњски сили кој ќе се вградува во моделот E63 AMG.

Светската премиера на комбито од новата Класа Е традиционално ќе биде на салонот во Франкфурт на есен во 2009.


 

 

 

Facebook