|
14.05.2008 |
Новата генерација на Класа Е на Mercedes повторно е
на улица, но сега инженерите се сосредоточени на високо преформансната верзија
која доаѓа од погоните на AMG.
Дека станува збор за змеј на тркала откриваат четирите издувни цевки кои штрчат од задниот браник и огромните перфорирани
диск сопирачки со предимензионирани сопирачки клешти.
Под хаубата лежи монструмот од мотор. Рачно направениот
6.2 литарски V8 на задната оска ќе испраќа околу 550 коњски сили, а за да
се држат под контрола силните коњи инженерите во Mercedes ќе ги
подобруваат управувањето, суспензијата, крутоста на шасијата.
Поради сето ова новиот Е63 AMG ќе има
поширока трага напред, посебен управувачки механизам со скратен преносен однос
во споредба со сериската Е Класа и активни амортизери.
За да се разликува од обичните верзии ќе се погрижат
агресивниот преден и заден браник, кованите леснометални бандажи и незибежните
странични завеси.
Светската премиера треба да се случи на салонот во Женева
во март, до година.
|